11 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Штип против вработен во МВР, осомничен за кривично дело „проневера во служба“.
Станува збор за М.С., советник за управни работи за Штип во Одделението за управни работи при Одделот за граѓански работи, против кого е поднесена пријава по член 354 став 1 од Кривичниот законик.
Според информациите од МВР, во периодот од 1 јануари до 30 јуни 2025 година, пријавениот присвоил пари што му биле доверени во службата. Тој во повеќе наврати од граѓани кои поднесувале барања за издавање патни исправи барал да му платат во готово, наместо преку пост-терминал или уплата на жиро-сметка.
Како што се наведува, осомничениот го искористувал непознавањето на законските процедури од страна на граѓаните, тврдејќи дека терминалот за плаќање со платежни картички не функционира и дека е неопходно плаќањето да се изврши во кеш.
Граѓаните му ги предавале средствата во висина на пропишаната цена за услугата. Наместо да ги уплати на жиро-сметката на МВР и на сметката на Буџетот на Република Северна Македонија за административна такса, пријавениот ги задржувал средствата за себе. Иако постапките за издавање документи биле формално завршени и пасошите им биле издадени на граѓаните, парите не биле евидентирани и уплатени во институциите.
Одделот за внатрешна контрола најави дека против М.С. ќе биде поднесен и предлог за поведување дисциплинска постапка поради кршење на работниот ред и дисциплина. Воедно, ќе бидат изречени задолжителни мерки за негово отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.
Случајот е во надлежност на Основното јавно обвинителство Штип, кое ќе постапува по поднесената кривична пријава.
Џорџа Мелони им оддаде почит на илјадниците Италијанци убиени од режимот на Тито
Филипче: Врв на безобразие – нема пари за плати, а има за нов владин авион
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

