06 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Седумгодишно девојче од Куманово е тешко повредено откако било удрено од патничко возило на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Сообраќајната несреќа се случила во текот на вчерашниот ден, кога автомобил марка „Фолксваген голф“ со кумановски регистарски таблички, управуван од 23-годишната С.В. од Куманово, удрил во малолетното девојче.
По несреќата, девојчето било итно пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди.
На местото на настанот бил извршен увид од страна на полициска екипа, а надлежните органи работат на целосно расчистување на околностите под кои дошло до несреќата.
Возачите на ЈСП ќе ги плаќаат казните од свој џеб за сообраќајни прекршоци
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

