18 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Двајца возачи од Штип и Пехчево се лишени од слобода откако биле затекнати како управуваат моторни возила под дејство на алкохол, информираа од Министерството за внатрешни работи.
На 17 јуни 2025 година, во 23:41 часот во Штип и во 19:54 часот во Берово, полициски службеници од СВР Штип и ОВР Берово ги привеле Х.П. (32) од Штип и В.П. (39) од Пехчево.
Во Штип, на улицата „Маршал Тито“, Х.П. управувајќи патничко возило марка „Фиат“ со штипски регистарски ознаки, удрил во паркирано возило „Рено“ кое било сопственост на В.Н. (63) од истиот град. По интервенцијата на полицијата, било утврдено дека возачот бил под дејство на алкохол, со измерени 3,16 промили алкохол во крвта.
Во Берово, пак, при сообраќајна контрола на улицата „Страшо Пинџур“, полициските службеници сопреле мопед со пехчевски регистарски таблички, управуван од В.П. При проверката било утврдено дека тој управува мопедот под дејство на алкохол со концентрација од 2,18 промили. Возачот бил веднаш исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на случаите, против двајцата возачи ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.
Од МВР апелираат до граѓаните да не управуваат моторни возила под дејство на алкохол, со цел заштита на сопствениот и животот на другите учесници во сообраќајот.
Георг Георгиев: Случајот против Љупчо Георгиевски е политички мотивиран процес
Бугарскиот претседател ја осуди дискриминацијата кон Бугарите во С. Македонија
Физички напад во Скопје: Ќерка ја нападнала мајка си и ја оштетила покуќнината
Во Бугарија: Симитли ќе стане тест-полигон за оклопни возила од домашно производство