06 април 2026
• од Станча Јаќимовски
Триесетгодишен мигрант од Алжир се здобил со тешки телесни повреди откако паднал при обид да се качи на воз во движење во Гевгелија, при што возот му ја прегазил десната нога.
Како што информираат од Министерство за внатрешни работи, настанот бил пријавен во Полициската станица Гевгелија вчера во 18:33 часот. Несреќата се случила на местото викано „Подвозник“.
Според официјалното соопштение, мигрантот додека се обидувал да се качи на воз во движење, изгубил рамнотежа и паднал, по што возот поминал преку неговата десна нога.
– На 05.04.2026 во 18:33 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека во Гевгелија, на место викано „Подвозник“, 30-годишен мигрант од Алжир додека се обидувал да се качи во возот кој се движел, паднал и возот поминал преку неговата десна нога. Лицето било пренесено во Медицински центар Гевгелија, каде му се констатирани тешки телесни повреди – информираат од МВР.
Повредениот веднаш бил пренесен во Медицинскиот центар во Гевгелија, каде што му била укажана лекарска помош и биле констатирани сериозни повреди.
За случајот е известен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото на несреќата извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гевгелија.
Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случил настанот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

