македонија12 февруари 2024 Во Собранието денеска избор на нови министри за здравство и информатичко општество
Собранието денеска треба да ги избере нови министри за здравство и за информатичко општество и администрација. За нов министер за здравство е предложен актуелниот директор на Клиничката болница во Тетово Илир Демири, а за министер за информатичко општество и администрација Наим Бајрами. Собранието во минатата недела со 62 гласа „за“ и ниту еден глас „против“ ги разреши министрите од Алијанса за Албанците Фатмир Меџити и Азир Алиу.
На гласањето не присуствуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Меџити и Алиу беа разрешени по предлог на техничкиот премиер Талат Џафери кој од собраниската говорница, образложувајќи го предлогот за разрешување рече дека според законот не може да има два опозициски субјекта во состав на Владата и дека тоа е основната причина зошто е предложено разрешувањето на двајцата министри.