19 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Локалните избори 2025 година, според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера низ целата држава. Портпаролот на МВР, Гоце Андреевски, на денешната прес-конференција истакна дека досега не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир, а полицијата континуирано презема мерки за безбедно и непречено спроведување на изборниот процес.
Во текот на денешниот изборен ден, во 09:00 часот на улицата „Дабничка“ во Прилеп, полициските службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода лицата Б.Х. (72) и Д.С. (36), двајцата од Крушево, поради основано сомнение за сторено кривично дело „поткуп при избори и гласање“.
Во врска со истиот случај, во Полициската станица Прилеп биле повикани уште пет лица од Крушево со престој во Прилеп – С.А. (28), М.А. (31), Ш.А. (40), Д.А. (22) и Џ.А. (36) – за понатамошна постапка. Од МВР информираат дека по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Освен овој инцидент, регистрирани се неколку пријави за агитирање при гласање на повеќе локации низ државата, но според МВР, по спроведените проверки, досега не се потврдени наводите од тие пријави.
Министерството апелира до сите граѓани и политички партии да придонесат кон мирна и демократска атмосфера за време на изборите и ги повикува сите кои ќе забележат евентуални неправилности во изборниот процес да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 и 112.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден