МАКЕДОНИЈА

Војници повредени при гаснење пожар во тетовската касарна

19 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Двајца припадници на Армијата се повредени денеска попладне при обид да помогнат во гаснење на пожар што избувнал во тетовската касарна. Според првичните информации од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Тетово, пожарот избувнал околу 14 часот, а причините сè уште се утврдуваат.

Како што информира командирот на ТППЕ Тетово, Авни Амети, противпожарната единица интервенирала со седум пожарникари, два противпожарни камиони и едно теренско возило за специјални интервенции. Благодарение на брзата реакција, пожарот бил локализиран за околу половина час.

Двајцата војници се здобиле со повреди при обидот да помогнат во интервенцијата и веднаш биле пренесени во тетовската болница за укажување лекарска помош. Засега нема информации за сериозноста на нивните повреди.

Надлежните најавија истрага за да се утврдат причините за избувнувањето на пожарот и да се процени штетата.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени