22 март 2026
• од Станча Јаќимовски
На 21 март 2026 година, во 15:20 часот, во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во дворот на семејна куќа во главниот град е пронајдена почината 84-годишна жена.
Според информациите од надлежните институции, станува збор за лицето Д.В. (84) од Скопје, кое било пронајдено без знаци на живот. На местото на настанот излегла екипа на Итната медицинска помош, при што лекар констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта.
Надлежните органи преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

