македонија30 декември 2024 Влада: Мицкоски - Кртови кои даваат информации ќе се појавуваат уште некое време, но ќе бидат пронајдени и ќе одговараат - 30 ДЕКЕМВРИ 2024
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на последните акции на полицијата за сузбивање на криминалните групи, изјави:
„Кртови ќе се појавуваат уште некое време, сѐ додека имаме рецидиви од седумгодишното управување со Владата и институциите на претходната Влада и претходната коалиција. Но тие кртови, ќе бидат пронајдени и извадени од дупките во коишто се кријат и како глувци ќе одговараат.“