македонија05 февруари 2025 Вишата обвинителка Фатиме Фетаи барала затворска казна за Васил Јованов
Вишата јавна обвинителка Фатиме Фетаи, кон крајот на ноември, побарала затворска казна за Васил Јованов, кој според првостепената пресуда беше осуден на воспитно поправна мерка, од 6 месеци до 5 години, за продажба на марихуана и кокаин.
Поточно, како што дознава ,,Фокус”, обвинителката Фетаи била задолжена да го застапува предметот пред Апелација, поради што обвинителката поднела предлог да се одбие жалбата на Јованов, а да се уважи жалбата на скопското јавно обвинителство, кое побарало построга кривична санкција за осудениот, кој пред неколку дена ја прегази и усмрти 22-годишната студентка Фросина Кулакова.
,Обжаленото решение да се преиначи во делот на одлуката на кривичната санкција со тоа што обвинетиот Васил Јованов би бил построго санкциониран со соодветна кривична санкција која би влијаела врз обвинетиот во иднина да не врши кривични дела, а истовремено со истите би се постигнале целите на казнувањето во секоја смисла”, напишала обвинителката Фетаи.
Обвинителката, во предлогот до Апелација, навела и дека Кривичниот суд правилно ја утврдил фактичката состојба и го прогласил Васил за виновен, но забележува дека казната требало да биде построга.
,,Сепак ваквото правилно постапување наоѓам дека се менува во негативна насока во делот на изборот на кривичната санкција, а на што основано се укажува во изјавената жалба, посочила обвинителката.
Таа појаснува дека првостепениот суд, одмерувајќи ја казната,ги ценел олестителните околности на Јованов, дека бил млад, дотогаш неосудуван, студент…, но ги занемариле отежителните околности.
…
повеќе