20 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на Фондацијата „Македонија“, Виктор Стојанов, смета дека политичкото раководство на Северна Македонија, предводено од ВМРО-ДПМНЕ, свесно ја оддалечува земјата од Европската унија. Според него, влезот во ЕУ би ги ограничил можностите за корупција, поради што владејачките структури имаат интерес да ја задржат сегашната состојба.
Во гостување во емисијата „На фокус“, Стојанов изјави дека властите во Скопје постојано бараат изговори да не ги започнат преговорите со Брисел, а притоа „злоупотребуваат и покажуваат политичко лицемерие кон своите граѓани“. Тој нагласува дека голем дел од населението во Северна Македонија сака земјата конечно да стане „нормална држава“, но институциите не функционираат како што треба.
Како пример за нефункционалноста на системот, Стојанов ја посочи трагедијата во Кочани, каде што жртвите биле приморани да се лекуваат во дури 16 различни држави поради недостиг на адекватно здравствено згрижување. Тој истакна и дека младите не гледаат иднина во својата земја и масовно емигрираат во потрага по подобар живот.
Говорејќи за претстојните локални избори во Северна Македонија, Стојанов предвидува победа на ВМРО-ДПМНЕ, која моментално управува со 42 од вкупно 80 општини, а според него, на овие избори може да освои дури 50 општини.
И покрај тоа, Стојанов нагласува дека последниот збор за управувањето со земјата го имаат Албанците, кои, според него, се тие што навистина го поддржуваат европското идништe на Северна Македонија.
Извор: nova.bg
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден