08 април 2026
• од Станча Јаќимовски
Боре Видевски, еден од осудените во случајот со убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, е хоспитализиран во тешка здравствена состојба.
Според информации до кои дојде Инфомакс, Видевски синоќа бил примен на Клиниката за нефрологија, каде што се наоѓа во критична состојба и под медицински надзор.
Видевски е еден од четворицата обвинети кои добија првостепена доживотна затворска казна за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Покрај него, осудени се и Љупчо Палевски – Палчо, Велибор Манев и Влатко Кешишев.
За утре е закажана јавна седница по жалбите на одбраната во врска со изречените доживотни казни од страна на Кривичниот суд. Сепак, поради влошената здравствена состојба и хоспитализацијата на Видевски, постои можност седницата да биде одложена.
Инаку, Видевски, кој во јавноста беше познат и како каратист, за време на судскиот процес ја негираше вината за делата што му се ставаат на товар, вклучувајќи здружување, грабнување и убиство.
Случајот со Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски ја потресе јавноста во ноември 2023 година, кога двајцата беа пријавени како исчезнати, а подоцна и пронајдени мртви.
Во истиот предмет, таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој исто така беше меѓу обвинетите, доби ослободителна пресуда.
Османи: Владата се обидува протестите да ги прикаже како политички мотивирани
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

