21 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Утринските снежни врнежи денеска предизвикаа одредени потешкотии во сообраќајот низ главниот град на Македонија. Лизгавите улици и тротоари ги натераа граѓаните да бидат особено внимателни при движењето, а некои од нив се снајдоа на навистина необичен начин.
На социјалните мрежи се појави видео кое брзо го привлече вниманието на јавноста. На снимката, објавена од корисник на Фејсбук, може да се види маж кој ползејќи поминува пешачки премин на една од улиците во Скопје.
Најверојатно, поради страв од лизгање и можни повреди предизвикани од снегот и мразот, мажот одлучил на ваков несекојдневен начин да ја премине улицата. Видеото предизвика бројни реакции и коментари, при што дел од корисниците ја пофалија неговата претпазливост, а други ја оценија ситуацијата како комична, но и загрижувачка.
Овој настан уште еднаш укажува на потребата од навремено чистење и посипување на улиците и пешачките премини, со цел да се обезбеди поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

