18 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, повторно се најде во центарот на вниманието поради користење на државни ресурси за приватни цели. Овојпат, тој присуствувал на свадба во Кондово, придружуван од колона службени возила и обезбедување.
Во видеото објавено на социјалните мрежи се гледа колона автомобили што го следи и обезбедува Гаши, иако станува збор за приватен настан.
Ова не е првпат спикерот да ги користи службените возила за приватни потреби. Пред извесно време, Гаши со колона возила ја премина границата со Косово за да присуствува на свадба.
Тогаш, иако јавноста реагираше, институциите не видоа причина да постапат и да санкционираат ваква употреба на државни ресурси.
И во овој случај, најсилните реакции доаѓаат од јавноста, додека надлежните институции засега молчат. Прашањето останува дали ќе има официјални мерки или повторно ќе се премолчи праксата високите функционери да користат службени привилегии во приватни прилики.
Извор: infomax.mk
СДСМ: Злоупотребите на милиони евра од Еразмус+ водат директно до ВМРО-ДПМНЕ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден