03 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Депонијата „Вардариште“, зафатена од голем пожар изминатиот викенд, и денеска продолжува да чади. Уште од рано утрово, граѓаните на Аеродром и Гази Баба се гушеа во густите, отровни испарувања што се шират од старата депонија. Состојбата трае веќе трет ден, а загриженоста меѓу населението расте, што го потврдуваат и фотографии и видеа објавени од жители на социјалните мрежи.
Како реакција на оваа еколошка катастрофа, за денеска е закажан протест. Граѓаните се повикани да се соберат на 3 септември 2025 година, во 18 часот, на раскрсницата на булевар АСНОМ со булевар Србија. „Дојдете да покажеме колку сме!“, апелираше еден жител преку граѓанска група на „Фејсбук“.
Иако веќе со децении се бара трајно решение за „Вардариште“, депонијата и понатаму останува извор на загадување. Последниот пожар го стави просторот под лупа на инспекцијата и полицијата, но и во центар на вниманието на актуелните функционери и кандидатите за градоначалници, кои вчера ја посетија локацијата со нови ветувања.
Жителите на Ново Лисиче и Аеродром најавуваат дека нема да застанат со граѓанскиот отпор. Тие ќе продолжат секојдневно да излегуваат на улица сè додека не се најде итно и трајно решение за депонијата, која за нив е симбол на негрижа и политички манипулации.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден