18 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Општина Аеродром го осуди вандалскиот чин што се случил во паркот „Бановина“, при што е искршена урбаната опрема, оштетена е фонтаната, а обиена е и чуварската куќа.
Од Општината информираат дека со овој чин е брутално уништена заедничката сопственост на сите граѓани и потенцираат дека ваквите постапки нема да бидат толерирани. Случајот, како што наведуваат, веќе е пријавен во полиција и се преземаат соодветни мерки за негово расчистување.
„Апелираме до граѓаните да го чуваме она што е наше, да пријавуваме вандализам и да покажеме дека сме зрела и одговорна заедница. Само така можеме да имаме уредена, безбедна и достоинствена општина“, се вели во соопштението од локалната самоуправа.
Паркот „Бановина“ неодамна беше целосно обновен и опремен со нова, современа урбана опрема, наменета за уживање на сите генерации. Од Општината уште еднаш упатија повик до јавноста за заедничка грижа и одговорност кон јавните простори.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

