03 февруари 2026
• од Гоце Кически
Според извори блиски до дипломатијата во земјава, европратеникот Томас Ваjц утре ќе престојува во работна посета на Северна Македонија, каде се очекува да оствари средби со претставници на Владата, локални функционери, како и со претставници на дипломатскиот кор, вклучително и Михалис Рокас, Амбасадор на Европската Унија во Република Северна Македонија, и други странски дипломати.
Посетата доаѓа во чувствителен политички момент, откако преговорите со Европската Унија повторно се најдоа во застој поради одложувањето на уставните измени со кои Бугарите би биле вклучени во македонскиот Устав, чекор што, според преговарачката рамка, би овозможил веднаш да продолжи процесот на пристапни преговори.
Дипломатски извори брифираат дека токму ова прашање би можело да биде во фокусот на разговорите што Вајц ќе ги води со македонските власти. Вајц во повеќе наврати јавно изјави дека, според преговарачката рамка со Европската Унија, уставните измени со кои Бугарите би се внеле во Уставот се единствениот предуслов за формално отворање на преговорите, нагласувајќи дека исполнувањето на оваа обврска е клучниот чекор за деблокирање на процесот.
Покрај институционалните средби, се очекува Вајц да оствари и контакти со локални еколошки организации и граѓански иницијативи. Заштитата на животната средина и поддршката на граѓанските движења се сметаат за негов личен и партиски приоритет, имајќи ја предвид неговата долгорочна ангажираност во еколошките политики на европско ниво.
Засега нема официјална најава за агендата на посетата, но според информациите од дипломатски извори, средбите се очекува да имаат силен политички и симболичен карактер во контекст на актуелниот ќор-сокак во евроинтегративниот процес на земјата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

