15 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Уметникот Зоран Кардула преку свој Фејсбук статус јавно проговори за состојбата со пожарите околу Скопје и дополнителното загадување што тие го предизвикуваат. Со лична исповед тој посочи колку е опасно она што секојдневно го дишеме, но и какви последици остава тоа врз нашето здравје.
Кардула потсети на своето семејно искуство од 2009 година, кога во САД направиле медицински анализи за неговата ќерка Ерато, која тогаш имала само три години. Резултатите, како што вели, биле шокантни – во организмот на детето било пронајдено 22 пати повеќе олово од дозволеното ниво. Најстрашно, според лекарите, било тоа што оваа тешка метална супстанца била внесена преку дишење.
Следувал долг и тежок период на борба. Четири години семејството спроведувало строга детоксификација: без глутен, без казаин, без шеќери, а дополнително користеле и хипербарна комора два пати дневно. Иако успеале да го намалат нивото на олово до прифатливи граници за урбана средина, трајните последици веќе биле направени.
„Се надевам никогаш нема да имате прилика да видите такви резултати за вашите деца“, напиша Кардула, предупредувајќи дека со сегашното темпо на загадување шансите тоа да се избегне се мали.
Со јасна порака до сите – и граѓани и функционери – уметникот апелира на совест и акција:
„Џабе ви се сите пари, тендери, функции и удирање во гради колку сте патриоти, кога и вие и вашите деца дишете отров!“
Објавата на Кардула уште еднаш ја отвори болната тема за квалитетот на воздухот во Скопје и пошироко. Неговиот личен пример сведочи дека загадувањето не е апстрактен проблем, туку реална закана која директно влијае на здравјето и иднината на сите генерации.
Се проверува одговорноста за дозволата за складиште за отпад во Трубарево
Четворица повредени во пожарот во Трубарево – двајца на болничко лекување
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден