10 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Во вечерните часови на 7 август 2025 година, во Штип се случи уште едно тешко кривично дело – убиство во семејна средина. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, околу 23:40 часот полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода Б.Ј. (65) од Штип.
Интервенцијата на полицијата следела по пријава за семејно насилство, при што било пријавено дека во семејниот дом, по вербална и физичка расправија, жената со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот 71-годишен сопруг.
Според првичните сознанија, конфликтот започнал кога сопругот ја фатил за врат, по што таа возвратила со напад со остриот предмет. Повредениот веднаш бил пренесен во Клиничката болница во Штип за укажување лекарска помош, но подоцна им подлегнал на повредите.
Осомничената е задржана во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Независните ќе можат да учествуваат на локалните избори без собирање потписи
Левица: Суспендираниот началник од Демир Хисар незаконски лишувал од слобода
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден
Независните ќе можат да учествуваат на локалните избори без собирање потписи
Левица: Суспендираниот началник од Демир Хисар незаконски лишувал од слобода