21 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Судијата Ивица Стефановски ја изготви целосната пресуда за случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, речиси шест месеци по изрекувањето на казните. Пресудата веќе е доставена до бранителите на осудените, кои најавуваат жалба до Апелациониот суд и ќе бараат одржување јавна седница.
Љупчо Палевски – Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев на крајот од јуни беа прогласени за виновни и осудени на најтешката казна – доживотен затвор.
Одбраната на осудените ќе ги оспорува наводите во пресудата и ќе бара преиспитување на фактичката состојба пред повисокиот суд.
Во истиот процес, таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој беше обвинет дека давал информации за движењето на својата ќерка, беше ослободен од вина.
Апелациониот суд во наредниот период треба да одлучи дали ќе ја прифати иницијативата за јавна седница и кога ќе се одлучува по жалбите на одбраната.
Се проширува истрагата за трагедијата во „Пулс“: Опфатени лица од УЈП и ДПИ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

