20 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Во изминатите 24 часа, полициските службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода девет возачи поради несовесно и опасно управување со моторни возила.
Од нив, шест лица управувале возило без поседување возачка дозвола, двајца возеле и покрај тоа што имале активна забрана за управување, додека еден возач бил фатен како управува под дејство на алкохол.
Според информациите, по двајца возачи без возачка дозвола биле откриени во Тетово и Скопје, а по еден во Гевгелија и Прилеп. Загрижува фактот што едно од лицата во Скопје е малолетник кој управувал возило без право на тоа.
Дополнително, по едно лице во Прилеп и Скопје управувало возило и покрај изречена активна забрана, додека во Кавадарци е евидентиран случај на возење под дејство на алкохол.
По целосно документирање на случаите, против сите сторители ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Од Министерството апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и законите, да не управуваат возило без возачка дозвола, доколку имаат изречена забрана или се под дејство на алкохол, со цел заеднички да се придонесе кон побезбеден сообраќај.
Државниот врв со честитки за Фитр Бајрам: пораки за мир, солидарност и соживот
Филипче: Цените растат, а Мицкоски троши народни пари наместо да преземе мерки
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

