12 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Осомничениот за сообраќајната несреќа во која животот го загуби 75-годишната Љ.Ј. на улицата „Народен фронт“ во скопската општина Центар е приведен во Врање, Србија. Информацијата ексклузивно ја соопшти адвокатот Звонко Давидовиќ во емисијата Претрес со Ландов.
Според досегашните информации, станува збор за 18-годишно лице кое управувало возило и тешко ја повредило жената, по што избегало од местото на несреќата, оставајќи ја беспомошна на коловозот. Подоцна, таа им подлегнала на повредите.
Како што откри Давидовиќ, осомничениот заедно со неговиот татко бил пренесен преку граница од роднини. Приведувањето се случило во српскиот град Врање, а се очекува негова екстрадиција во Македонија.
„Лицето ќе биде екстрадирано од Србија во Македонија. Најверојатно е приведен и неговиот татко“, изјави Давидовиќ, кој ги застапува роднините што ги пренеле таткото и синот преку граница.
Адвокатот истакна дека неговите клиенти тврдат оти не знаеле дека превезуваат лице осомничено за тешко кривично дело.
„Им верувам на моите клиенти дека не знаеле дека превезуваат сторител на такво тешко кривично дело. Мажот работи во Дирекција за заштита и спасување и е родител на дете со посебни потреби и за набавка на суплементи често патувал во Србија“, рече Давидовиќ во емисијата.
Надлежните институции во Македонија и Србија се очекува да ја спроведат постапката за екстрадиција согласно меѓудржавните договори и важечките законски процедури.
Џорџа Мелони им оддаде почит на илјадниците Италијанци убиени од режимот на Тито
Филипче: Врв на безобразие – нема пари за плати, а има за нов владин авион
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

