16 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Турски државјанин заработи кривична пријава откако физички нападнал вработен во хотел на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот се случил во раните утрински часови, околу 03:00 часот, кога 45-годишниот И.В. од село Идризово бил на своето работно место во хотелот. Според пријавата поднесена во СВР Скопје, тој бил нападнат од 40-годишниот Е.Ј.Ч., државјанин на Република Турција, кој бил гостин во објектот.
По пријавениот настан, полицијата презела соодветни мерки и активности за расчистување на случајот. Настанот бил официјално пријавен вчера попладне, околу 15:30 часот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава против напаѓачот, согласно законските прописи.
ОЈО Скопје отвори предмет за „Зимзоленд“: Се испитува можна општа опасност
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

