30 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Дарко Трендафилов, во вечерашното издание на емисијата „Топ Тема“ откри дека вработени од повеќе сектори биле изложени на силни притисоци со цел да се спречи нивното учество на протестот за повисоки плати.
Според Трендафилов, во текот на вчерашниот ден до ССМ пристигнале голем број информации за закани и притисоци врз работници кои планирале да присуствуваат на протестот. Тој нагласи дека дел од притисоците доаѓале и од синдикални структури, што, како што рече, претставува сериозно разочарување за работниците.
„Имавме штрајкбрејкери и меѓу синдикатите. Највиновни се токму тие, затоа што синдикалци се закануваа на свои членови и испраќаа соопштенија да не се излегува на протест“, изјави Трендафилов.
И покрај ваквите притисоци, тој истакна дека голем број работници сепак собрале храброст и одлучиле да излезат и да го искажат својот револт. Како конкретен пример ги посочи Македонски пошти, каде, според него, притисоците биле директни и насочени и кон него лично.
„Имаше закани дека ќе бидам тужен, само за да се замолчат работниците и да не излезат на протест“, рече претседателот на ССМ.
Трендафилов информираше и за нови случаи на закани, меѓу кои и од Тутунскиот комбинат Прилеп, каде, како што наведе, еден од директорите се заканувал на вработените во никој случај да не доаѓаат на протест во Скопје. Тој најави дека идентитетот на лицето ќе биде јавно објавен. Слични притисоци, според него, имало и врз вработените во образованието.
ССМ најави дека ќе продолжи да ги штити правата на работниците и да ги обелоденува сите случаи на притисоци и закани кон оние кои се борат за подобри услови за работа и повисоки плати.
Не Бугарија, не Брисел – туку Мицкоски: вистинската причина за застојот кон ЕУ
Кривична пријава против Марко Беслимовски за штета од над 14 милиони денари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

