05 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп врши засилен дипломатски притисок врз земјите од Балканот, вклучително и Србија и потенцијално Македонија, за прифаќање на мигранти депортирани од САД, објави реномираниот медиум „Блумберг њуз“.
Според извештајот, САД активно бараат странски влади кои би прифатиле мигранти што ќе бидат погодени од новите рестриктивни мерки. Станува збор за лица со потекло од Хаити, Никарагва, Венецуела и Куба, кои досега живееја во САД под привремен заштитен статус, што сега е поништен од страна на Врховниот суд.
Иако „Ројтерс“ не успеа веднаш да го потврди извештајот, ниту Белата куќа, ниту американскиот Стејт департмент, ниту Министерството за надворешни работи на Србија не дадоа коментар на барањата за појаснување.
Прашањето станува особено чувствително во светло на неодамнешната средба помеѓу македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски и американскиот државен секретар Марко Рубио. Иако официјалното соопштение од македонското МНР беше кусо и дипломатско – дека се разговарало за „актуелни прашања од заеднички интерес“ – останува нејасно дали во рамките на тие разговори се споменала и можноста Македонија да прифати мигранти од Јужна Америка.
Се поставува прашањето дали Македонија, како членка на НАТО и стратешки партнер на САД, ќе биде дел од оваа поширока стратегија на Вашингтон. Доколку се потврдат овие информации, тоа би отворило сериозни безбедносни, политички и хуманитарни прашања за регионот, кој и сам се соочува со сопствени предизвици поврзани со миграцијата.
Ситуацијата останува отворена, додека јавноста очекува официјални одговори од надлежните институции.