09 март 2026
• од Станча Јаќимовски
По трагичната смрт на Ивана Јовановска и нејзината шестгодишна ќерка, кои го загубија животот по пад од балкон, Секторот за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи (МВР) започна интензивна истрага против полициските службеници кои постапувале по околу 10 пријави за насилство во ова семејство.
Иако Ивана била жртва на систематско малтретирање во период од седум години, институционалната реакција, според досегашните информации, сериозно потфрлила. Според информации објавени од ТВ24, во досието на семејството имало повеќе пријави за насилство, закани и нарушување на јавниот ред и мир. Пријавите ги поднесувала самата жртва, но и нејзините соседи.
Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го очекува извештајот од внатрешната контрола за да утврди дали постои кривична одговорност кај полициските службеници кои не успеале да спречат ваков трагичен исход.
Во меѓувреме, истрагата против сопругот Стојанче Јовановски открива вознемирувачки детали. Според обвинителството, на денот на трагедијата тој двапати физички ја нападнал Иванa, настан кој бил документиран и со видео-снимка. Осомничениот, кој пред медиумите реагирал само со молк и гримаси, моментално се наоѓа во притвор.
Од Обвинителството посочуваат дека долгогодишното насилство ја довело жртвата во безизлезна состојба, што на крај резултирало со трагичен чин.
Во контекст на овој потресен случај, МВР објави статистика која покажува зголемување на активностите против семејното насилство, со 21 поднесена кривична пријава само во последните две недели. Сепак, случајот на Ивана Јовановска претставува сериозно предупредување за потребата од побрза и поефикасна реакција од надлежните институции, со цел пријавите на жртвите да не завршуваат со трагични последици.
Денеска 9 март 2026 година се празнува Наоѓањето на главата на Свети Јован Крстител
Саше Политико: УДБА е премногу укопана за Заев да го решeше бугарското прашање
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

