19 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Скопје, 19 март 2026 – Трагичен настан се случил во Скопје, каде 24-годишно лице било пронајдено без знаци на живот од страна на негов пријател.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 18 март 2026 година во 19:42 часот, во СВР Скопје било пријавено од Н.Г. (26) од Скопје дека околу 19:40 часот го пронашол својот пријател М.С. (24) во безсознание.
Како што стои во пријавата, починатиот околу 10:00 часот дошол во домот на пријавителот, по што набргу заспал. Кога Н.Г. подоцна се разбудил, го затекнал својот пријател без свест.
На местото на настанот пристигнала екипа на Итна медицинска помош, при што лекар констатирал смрт, без видливи траги на насилство.
Извршен е увид од надлежните служби, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта.
Надлежните институции продолжуваат со истрагата.
Украден бакарен лим од покривот на црквата „Свети Великомаченик Ѓорѓи“ во Чаир
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

