13 јули 2025
• од Тодор Вангелов
Две лица, татко и син, беа убиени ноќеска во Прилеп, а убиецот, нивен близок роднина, подоцна извршил самоубиство. Трагичниот настан се случил на улицата „Стеван Апостолоски“ и ја потресе целата прилепска јавност.
Според првичните информации од истрагата, 63-годишен маж од Прилеп прво го лишил од живот својот 43-годишен внук од сестра, како и неговиот 12-годишен син. Мотивите за убиството, како што се сомнева, произлегуваат од долготрајни семејни недоразбирања и нерасчистени имотни прашања, меѓу кои и пренос на сопственост на куќата во која се случила трагедијата.
Жртвите го посетиле вујкото околу 15 до 16 часот попладне. Во куќата во тој момент немало други лица. Иако не е јасно што точно се случувало во часовите што следеле, јавниот обвинител Стевчо Биноски изјави дека убиствата биле извршени со пиштол пред 22 часот, врз основа на сведоштва од соседите кои пријавиле дека слушнале истрели.
Полицијата била повикана од сопругата на убиениот, која се загрижила поради долгото отсуство на нејзиниот сопруг и синот. Кога службите пристигнале на местото, осомничениот фрлил бомба кон нив, но експлозијата била делумна и не предизвикала повреди.
Поради сериозноста на ситуацијата, била ангажирана специјалната полициска единица „Тигри“. Тие влегле во куќата околу еден час по полноќ и ги пронашле телата на трите лица – таткото, синот и убиецот кој се самоубил.
„Станува збор за трагедија што го потресе цел Прилеп. Наредена е обдукција на телата и продолжуваме со истрага за целосно расветлување на настанот,“ изјави јавниот обвинител Стевчо Биноски, кој изврши увид на местото на злосторството.
Бугарин со историја на Вимблдон: Иван Иванов нов јуниорски шампион без загубен сет!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден