МАКЕДОНИЈА

Трагедија во Дебарско Езеро: Жена се удави кај градската плажа

29 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Тешка трагедија ја потресе Дебарската јавност денеска, откако беше пронајдено удавено женско лице во водите на Дебарско Езеро, во близина на градската плажа.

На местото на настанот веднаш пристигнала екипа на Брзата помош од Општата болница со проширена дејност – Дебар, но, за жал, лекарот можел само да ја констатира смртта.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека при првичниот преглед на телото не се забележани траги на насилство. Увид извршиле полициски службеници и јавен обвинител, а телото е предадено на обдукција за да се утврди точната причина за смртта.

Локалните власти потсетуваат дека ова е прв регистриран случај на давење во Дебарското Езеро по повеќе од десет години. Од 2017 година на градската плажа функционирале спасувачки тимови, но ова лето, за жал, спасувачката служба не е активна.

Очевидци велат дека трагедијата се случила во време кога плажата била посетена од голем број капачи, што дополнително ја зголемува загриженоста за безбедноста во езерото. Граѓаните апелираат до надлежните институции повторно да воспостават организирана спасувачка служба за да се избегнат вакви несреќи во иднина.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени