23 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Пратеникот од СДСМ, Митко Трајчулевски, остро реагираше на одлуката на владата да ја блокира изградбата на железничката делница од Крива Паланка до бугарската граница, предупредувајќи дека со тоа се доведуваат во прашање над 200 милиони евра неповратни средства од Европската Унија.
„Оваа делница е дел од стратешкиот Коридор 8, кој има огромно економско и безбедносно значење не само за Македонија, туку и за целиот регион. Наместо да го изградиме со европски пари и под нивна контрола и надзор, владата одлучи да го блокира проектот – без никакво објаснување“, изјави Трајчулевски.
Тој додаде дека земјата веќе има усвоена национална транспортна стратегија, но дека таа останува само на хартија бидејќи, како што рече, „владата не ја следи ниту ја спроведува“. Воедно ја отфрли и тезата дека СДСМ е против изградба на Коридорот 10.
„Сакаме да се гради Коридорот 10, но тоа мора да се прави на транспарентен начин – со физибилити студија, со јасен план и со користење на достапните европски фондови. Она што сега се прави е задолжување на државата за речиси 2 милијарди евра – без проект, без еден лист хартија што ја објаснува инвестицијата. Тоа е неодговорно и опасно“, нагласи Трајчулевски.
Пратеникот предупреди дека ваквото однесување на владата не само што ќе ја чини државата милиони евра во изгубени средства, туку и сериозно ќе го забави економскиот развој поради недостаток на модерна и поврзана транспортна инфраструктура.
„Без визија и стратегија, инфраструктурата ќе ни остане главен проблем и во иднина. А секое заобиколување на европските фондови само значи нов долг кој ќе го плаќаат нашите деца“, заклучи Трајчулевски.
Скопјанец повредил својата ќерка (4) при семејно насилство – предложен притвор
Как се случи операцијата „Midnight Hammer“ на САД врз иранските нуклеарни капацитети