Трајче Тушев од Радовиш: Најуспешен студент по нуклеарна хемија во Софија
Трајче Тушев, млад и амбициозен научник од Радовиш, се вброи меѓу најуспешните студенти во Бугарија, освојувајќи го титулата првенец на генерацијата магистри по нуклеарна хемија на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ за академската 2023/2024 година.
Во ексклузивно интервју за платформата „Студирај во БГ“, Тушев отворено зборува за своето патување – од скромните почетоци во Македонија до врвовите на научната мисла во Бугарија. Интервјуто е вистинска ризница на мотивација, искреност и љубов кон науката.
Со неверојатна истрајност и јасна визија, Тушев успешно паралелно заврши две магистерски програми: нуклеарна хемија и хемиско образование со насока заштита на животната средина. Својата магистерска теза ја одбрани за само девет месеци – на тема која третира современи методи за анализа на фосфатни катодни материјали, применливи во новите генерации батерии и енергетски системи.
„Изборот да студирам во Бугарија ми донесе академска дисциплина, пристап до најсовремени лаборатории и исклучителни професори. Но уште поважно, ми ја даде шансата да се изградив како личност,“ вели Тушев во интервјуто.
Тој особено ја истакнува улогата на интеркултурната отвореност на Софија и поддршката од академската заедница како клучни фактори во неговиот успех.
Денес, Тушев е асистент-истражувач во Институтот по општа и неорганска хемија при Бугарската академија на науките, каде активно учествува во истражувања со значење за европската научна сцена.
Примерот на Трајче Тушев е доказ дека младите од Македонија можат да блеснат и надвор од границите – со храброст, труд и желба за знаење.
👉 Целото интервју можете да го прочитате на: studirajbg.com/trajce-tusev