20 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
На денешното рочиште за бруталните убиства на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, потресно сведочење даде таткото на младата жртва, Александар Ѓорчевски. Иако тој е обвинет за помагање при грабнувањето на неговата ќерка, на судот се обрати како скршен родител, барајќи правда и одговори за смртта на своето дете.
„Од почетокот на самото судење имаше воведни зборови и убаво се сеќавам дека станав и изразив очекување дека сè ќе дознаам“, рече Ѓорчевски, објаснувајќи дека внимателно го следел секој збор и детал од процесот. Но, со текот на времето, додека судењето се приближува кон крај, тој чувствува дека вистината сè уште не е целосно откриена.
Ѓорчевски директно се обрати до еден од главните обвинети – Љупчо Палевски, кого друг обвинет го посочил како човекот кој ги има клучните одговори за трагичните настани.
„Токму поради тоа и само од тие причини му се обраќам на Палевски. После мене уште тој останува со завршен збор. Нека стане, нека се поклони и во саат и 20 минути нека ја каже вистината. Зошто ми е убиена Вањичка?“, заврши со скршен глас таткото, оставајќи силен впечаток во судницата.
Во продолжение на рочиштето, се очекува Љупчо Палевски да ги даде своите завршни зборови и да се изјасни по сите наводи и обвиненија против него. Судскиот процес, кој ја потресе јавноста, сè уште не нуди целосна слика за мотивите и околностите околу двојното убиство, но изјавата на таткото на Вања останува како најемотивен и најболен момент досега.