23 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Со силни емоции и порака што ја потресе јавноста, таткото на едно од децата кои трагично го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, ги повика граѓаните масовно да им се приклучат на протестите кои секоја сабота се одржуваат во градот.
„Марширам на секој марш, моето дете отиде. За кого марширам? За вашите деца, тие што ги имате дома. Утре, не дај боже, може и вас да ви се случи истото. Да не кукате и вие како што ние кукате, и да одите по гробишта“, рече со болка во гласот овој скршен родител.
Протестите продолжуваат како гласен крик за правда и одговорност. Родителите и граѓаните што им се придружуваат бараат конкретни дејствија од институциите – од Министерството за внатрешни работи, но и од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Во повикот кон сограѓаните, таткото ги охрабри сите да не се плашат од евентуални притисоци, потсетувајќи дека „мнозинството секогаш победува“. Тој ги повика и членовите на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да застанат на страната на вистината и да се приклучат на маршот за правда.
„Страшен е овој живот што го живееме сега, ни отидоа дечињата. Прашајте нѐ како живееме“, рече тој, потсетувајќи дека болката и загубата се трајни, но и дека секој граѓанин може да помогне таа болка да не се повтори.
Протестите во Кочани не стивнуваат. Со слики од своите деца во рацете, родителите маршираат за вистината, за правда, и за безбедна иднина на сите деца во Македонија.