16 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Бугарските институции најавија реконструкција и целосно обновување на патната инфраструктура што води кон ГКПП „Златарево“, на границата со Република Северна Македонија. Интервенцијата доаѓа како резултат на официјално барање упатено од бугарскиот пратеник Стојан Таслаков и неговиот колега Климент Шопов од партијата „Възраждане“.
Пратениците во септември присуствувале на работна посета во Северна Македонија по повод годишнината на Сдружението „Македонско-бугарско пријателство“. При враќањето кон Бугарија, нивниот автомобил минал преку, како што опишуваат, „огромни кратери“ на патот пред граничниот премин „Златарево“. Тие реагирале веднаш и во првиот работен ден доставиле прашање до бугарското Министерство за финансии, барајќи итен ремонт на оштетениот пат.
Министерството одговорило дека на 10 октомври 2025 година потребниот ремонт веќе бил извршен. Дополнително, во одговорот се наведува дека ГКПП „Златарево“ е вклучен во проект за целосна реконструкција и модернизација на граничниот пункт. Проектот е усогласен со сите служби за гранична контрола и е поднесен во Министерството за регионален развој за одобрување и издавање дозвола за градба.
Според властите, целта е не само да се подобри пристапноста, туку и да се создадат подобри услови за контрола на патници, автомобили и стоки, со што би се унапредило целокупното функционирање на овој важен граничен премин.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

