12 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Арбен Таравари смета дека на земјата ѝ е неопходен нов договор за уредување на односите меѓу Македонците и Албанците, при што како решение предлага модел на фискална конфедерација или федерација. Во изјава дадена во подкастот „Риштази“ („Скоро“) на „Коха“, тој нагласува дека суштината на оваа иницијатива е продлабочена децентрализација, а не територијална поделба на државата.
Според Таравари, федерализацијата што ја предлага не подразбира редефинирање на границите или создавање етнички ентитети, туку значително зголемување на надлежностите и финансиската автономија на општините. Тој објаснува дека преку фискална конфедерација или федерација, локалната самоуправа би добила повеќе средства и пошироки овластувања, што би овозможило поефикасно управување и побрз локален развој.
„Наскоро ќе го промовираме нашиот нов договор за односите меѓу двата етникума што живеат во Македонија. Главниот столб на нашата следна кауза ќе биде децентрализацијата – фискална конфедерација или федерација, не територијална“, изјави Таравари.
Со оваа иницијатива, како што посочува, целта е да се воспостави пофункционален модел на управување кој ќе ги зајакне општините и ќе придонесе кон подобра распределба на ресурсите, притоа зачувувајќи го унитарниот карактер на државата во територијална смисла.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

