10 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, најави дека наскоро ќе биде промовиран нов предлог-договор за уредување на односите меѓу Македонците и Албанците во Северна Македонија. Според него, договорот ќе се темели на концепт на фискална конфедерација или федерација, а не на територијална поделба.
Во интервју за подкастот „Раштази“ на приштинскиот дневен весник Коха, Таравари истакна дека децентрализацијата ќе биде главниот столб на новиот политички концепт што го подготвува неговата партија.
„Наскоро ќе го промовираме нашиот нов договор за односите меѓу двете етнички групи што живеат во Македонија. Главниот столб на нашата следна цел ќе биде децентрализација, фискална конфедерација или федерација, а не територијална. Ова ќе значи функционирање на општини со повеќе овластувања и повеќе пари“, изјави Таравари.
Според неговите најави, предлогот предвидува зголемени ингеренции и финансиска автономија за општините, што би требало да овозможи поефикасно управување на локално ниво и подобро задоволување на потребите на граѓаните.
Сепак, Таравари не прецизираше како конкретно би изгледала фискалната конфедерација или федерација, ниту кои уставни или законски промени би биле потребни за нејзина реализација. Дополнителни детали за иницијативата се очекуваат во периодот што следи, кога, како што најави, таа официјално ќе биде претставена пред јавноста и политичките чинители.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

