09 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, на еден од своите предизборни митинзи изјави дека премиерот Христијан Мицкоски му забранил на пратеникот Аднан Азизи да го прави симболот на двоглавиот орел со раце, кој претставува национален симбол на Албанците.
Таравари јавно го предизвика Азизи, прашувајќи го дали навистина има забрана и повикувајќи го да го направи гестот доколку тоа не е вистина.
„Ако не е вистина, дали можеш да го направиш симболот на двоглавиот орел?“ — изјави Таравари од бината, добивајќи аплауз од присутните.
Тој додаде дека Мицкоски и Илија Димовски наводно му наложиле на Азизи да избегнува теми и симболи што може да предизвикаат етнички реакции, вклучително и гестот на двоглавиот орел.
„Тие имаат проблем. Илија Димовски и Мицкоски му рекле дека мора да внимава што зборува. Му го забраниле симболот на двоглавиот орел, и сега го прави вака. Јавно го предизвикувам: нека го направи како што треба, ако може, затоа што му дал збор на премиерот дека никогаш повеќе нема да го прави во кампања“, изјави Таравари.
Изјавата на Таравари предизвика реакции на социјалните мрежи, каде дел од граѓаните ја оценија како предизборна провокација, додека други ја поддржаа како израз на политичка храброст и одбрана на симболите на албанскиот идентитет.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден