Тамара Тодевска: Панчо, фала му на Бога, е подобар – Се молиме што поскоро да ни се врати дома
Поп пејачката Тамара Тодевска, позната по својата успешна музичка кариера и бројните дуетски соработки, меѓу кои и со Панчо од дуото ДНК, денес ги израдува своите следбеници со позитивна вест.
На социјалните мрежи, каде што Тамара редовно комуницира со фановите, таа одговараше на нивни прашања. Еден од следбениците ја праша дали има нови информации за здравствената состојба на Панчо, кој беше повреден во пожарот што неодамна се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
„Панчо е, фала му на Бога, подобар. Се молиме за него што поскоро да ни се врати“, одговори Тамара, споделувајќи и фотографија од нивен заеднички настап.
Веста за напредокот на Панчо е добра охрабрувачка порака за сите негови фанови и пријатели, кои со нетрпение го очекуваат неговото целосно закрепнување и враќање на музичката сцена.