03 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје работи на целосно расчистување на случајот поврзан со наводните закани кон градоначалничката на Скопје, Д.А., кои наводно биле упатени на 1 јуни 2025 година.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 2 јуни полициски службеници извршиле службен разговор со лицето С.А. (39) од Скопје. Тој е пријавен дека преку отворен прозорец на возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблички, управувано од него, на булевар „Словенија“ упатил закани кон градоначалничката.
Во изјавата дадена пред полицијата, С.А. потврдил дека навистина поминал со возилото во близина на градоначалничката, но ги негирал обвинувањата дека упатил било какви закани. Дополнително, тој изјавил дека се обидел да направи снимка со својот мобилен телефон, но дека не успеал во тоа.
Случајот е пријавен до надлежен јавен обвинител, кој е веќе информиран за инцидентот. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Скопје продолжува со истрагата за да се утврдат сите околности поврзани со случајот.