македонија12 февруари 2024 Судскиот совет ќе формира Комисија за утврдување на број на слободни судиски места за основните судови
Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 477. седница на која ќе расправа за повеќе точки меѓу кои и за утврдување на конечна ранг листа за избор на судии на Апелационен суд Штип.
Членовите на советот треба да формираат Комисии за подготвување на кандидатски листи како и за утврдување на број на слободни судиски места за основните судови во Република Северна Македонија.
На седницата предвидено е да се донесе одлука за определување на ВД претседател на Основен суд Струга како и да се постапува по одлука на Управен суд.
Судскиот совет, меѓу другото, предвидено е да одлучува по известување од Комисија на известители по поднесено Барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд како и да формира Комисии по поднесени Барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.