06 април 2026
• од Станча Јаќимовски
Студенти денеска излегоа на протестен марш во Скопје, изразувајќи незадоволство од, како што велат, неспроведувањето на Законот за употреба на јазиците во рамки на полагањето на правосудниот испит.
Со албански и американски знамиња, како и транспаренти со пораки „Стоп за институционалната дискриминација“, демонстрантите побараа правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик. Дел од присутните скандираа и „УЧК УЧК“, додека други извикуваа пароли за одговорност и оставки.
Учесниците носеа и политички пораки, меѓу кои „Охридскиот рамковен договор не се преговара повторно“ и „Законот за јазиците е јасен“, упатувајќи директни пораки до правосудните институции и до Уставен суд на Република Северна Македонија.
„Не го допирајте Законот за јазиците!“, беше една од пораките на протестот.
Протестот започна од плоштадот „Карпошово востание“, продолжи по улицата „11-ти Март“, преку Камениот мост, потоа по улицата „Никола Вапцаров“ и заврши на улицата „Димитрие Чуповски“, пред Министерството за правда.
Демонстрантите побараа оставка од министерот за правда Филков.
Од Министерство за внатрешни работи на Северна Македонија информираа дека сообраќајот на дел од централните улици е пренасочен и апелираа до граѓаните да ги почитуваат насоките на полициските службеници.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

