04 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Според информации на „Фокус“, македонскиот државјанин Стивен Ивановски, кој се водеше како исчезнат по катастрофалниот пожар во познатиот зимски туристички центар Кран-Монтана, е пронајден мртов.
Трагедијата се случи во барот „Ле Констелејшн“ (La Constellation), каде што за време на новогодишната прослава избувна голем пожар. Во несреќата, според досегашните податоци, животот го загубија над 40 лица, додека околу 120 лица беа повредени.
По избувнувањето на пожарот, службите за итна помош веднаш интервенираа, а започна и обемна потрага по лицата кои се водеа како исчезнати. Меѓу нив беше и Стивен Ивановски, за кого подоцна беше потврдено дека е меѓу загинатите.
Надлежните швајцарски институции продолжуваат со истрагата за причините за пожарот, додека семејствата на настраданите ја чекаат официјалната документација. Македонската јавност со тага ја прими веста за трагичната смрт на својот сограѓанин, а се очекуваат и официјални информации од надлежните институции.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

