МАКЕДОНИЈА

Сточарите од Пелагонија најавуваат протест ако не се исплатат субвенциите до 15 јуни

09 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Сточарите од Пелагонија се закануваат со протест доколку државата не ги исплати заостанатите субвенции по грло добиток за 2024 година до 15 јуни. Според најавите од здружението „Пелагониско поле“, протестот би се одржал на 20 јуни, во 11 часот, пред подрачната единица на Министерството за земјоделство во Битола.

Тони Петковски, сточар од битолското село Велушина и член на здружението, за „Зелена берза“ изјави дека сточарите се на работ на егзистенција и дека им е неопходна итна финансиска поддршка за да можат да го продолжат производството. Според него, овој период е клучен бидејќи се садат нивите со сточна храна како пченка и луцерка, а сточарите се оставени без средства.

„Ако субвенциите по грло не се доисплатат до 15 јуни, сточарите излегуваат на протест на 20 јуни. Тоа е јасна и цврста одлука на сите членови на здружението“, рече Петковски.

Досега е исплатена само една третина од субвенциите. За кравите, сточарите добиле 4.000 денари од вкупно ветените 12.000 денари по грло. Истовремено, овчарите и козарите исто така се жалат дека субвенциите се минимални и недоволни. Пред Нова година, овчарите добиле само 600 денари по овца, а козарите 2.000 денари по грло.

Во државата има околу 6.200 говедари кои бараат доплата од 8.000 денари по крава – што значи дека вкупно се очекува исплата на над 400 милиони денари. Сточарите велат дека се соочуваат со огромни трошоци, а исплатата на субвенциите доцни во критичен период за земјоделското производство.

Министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, на почетокот на јуни најави дека исплатата на субвенциите ќе започне наскоро, иако законскиот рок е до 30 јуни. Тој уверува дека сточарите ќе ги добијат основните субвенции многу порано.

Сепак, недовербата кај сточарите расте, особено поради фактот што овогодинешната програма предвидува намалени субвенции по грло, и покрај тоа што е зголемена поддршката за предадено млеко во млекарниците.

Сточарите апелираат дека, доколку не се преземат итни мерки, земјоделството и сточарството ќе претрпат дополнителни загуби, а многумина ќе бидат принудени да го напуштат производството.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени