македонија05 февруари 2025 Стојковски: Останаа уште два лека, се очекува нивна испорака
Годишниот тендер за набавка на онколошка терапија ќе биде распишан во текот на наредната недела, кога исто така се очекува да бидат и достапни лековите кои недостасуваа за ониколошките пациенти, изјави денеска директорот на Клиниката за радиотерапија и онкологија Игор Стојковски. Тој вели дека во моментов недостасувал само уште еден лек поради проблеми со дистрибуцијата.
-Комплетирана е со потпишување на анекс договорите, дополнително со донација одреден производител, последната стигна вчера. Остана уште еден лек кој е заради некаква дистрибуитерна дефектура, ама очекуваме наскоро да го реши дистрибутерот, рече Стојковски.
И директорот на ФЗОМ Сашо Клековски уверува дека со Бирото за јавни набавки бил постигнат јасен договор.
-Имаме јасен договор со Бирото за јавни набавки, како после распишувањето на годишниот јавен повик за набавка на лекови, со кои процедури може да се обезбедат количини во рамките на тој јавен повик, за да не настанат дефектури во време на траењето на повикот, вели тој.
До крајот на годината се очекува онколошките пациенти да примаат биолошка и радиотерапија и во Градската општа болница „8 Септември“. Директорот на болницата Синиша Стојановски вели дека кадарот веќе е обучен и подготвен за работа.
-Според комуникацијата која ја имаме со директорот, кадрите се веќе спремни годинава да започнат со таблетарна и супкутана апликација на онколошта терапија. Акцелераторот што го поседува болницата се надеваме дека ќе успееме да го ставиме во фукција, тој е фукционален, но мора да помине рекомисионирање за да добиеме дозвола да почнеме и со радиотерапија која што би била во вториот дел од оваа година, рече тој.