06 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Стојанче Јовановски останува во притвор дополнителни 48 часа по трагичната смрт на неговата сопруга Ивана и нивната малолетна ќерка, кои го загубија животот по пад од балкон во општина Карпош. Во меѓувреме, институциите ја проверуваат можната одговорност за пропусти во постапувањето, имајќи предвид дека јавноста беше запознаена со најмалку три физички напади врз Ивана по поднесувањето на барањето за развод.
Првиот напад се случил во декември, за што Центарот за социјални работи – Скопје добил известување од Министерството за внатрешни работи, а имало и сведоци на настанот. Вториот инцидент се случил додека Ивана била хоспитализирана на Клиниката за дигестивна хирургија, додека третиот се случил на самиот трагичен ден, за кој постои и видео-снимка.
Директорот на Клиниката за дигестивна хирургија, професор Огнен Костовски, потврди дека кај Ивана биле забележани знаци на насилство. Според неговите информации, таа била пронајдена во бесознание од медицинскиот персонал, по што ѝ била укажана прва помош. Била прегледана од неврохирург и трауматолог, а во случајот бил вклучен и психолог. За настанот биле известени и полицијата и социјалните служби.
Министерот за социјална политика, Фатмир Лимани, изјави дека по новите сознанија, особено во врска со инцидентот на клиниката, се појавила потреба инспекцискиот надзор да продолжи со цел целосно и темелно утврдување на фактичката состојба и постапувањето на институциите.
„Министерството будно ќе го следи случајот и ќе преземе сè што е во негова надлежност за да се обезбеди целосна одговорност и да се зајакне системот на заштита“, истакна Лимани.
Претходниот инспекциски надзор веќе утврдил одредени неправилности во работата на Центарот за социјални работи. Според министерот, пропустите се однесуваат на тоа што не бил остварен директен контакт со жртвата ниту бил направен непосреден увид во нејзиното домаќинство, иако стручните работници комуницирале со неа телефонски и административно и била закажана средба.
„Секое евентуално пропуштање, ненавремено постапување или непочитување на законските обврски мора целосно да се утврди. Доколку се констатира одговорност, таа мора да биде преземена согласно закон, без исклучок“, нагласи Лимани.
Ова е втор краткотраен притвор за Јовановски, кој се товари за наведување на самоубиство, нанесување телесни повреди поврзани со семејно насилство и загрозува
Бугарија очекува железничката врска со С. Македонија да биде завршена до 2030 година
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

