04 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Српскиот портал Информер во свој текст остро ја критикува реакцијата на министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, по настаните поврзани со Венецуела и претседателот Николас Мадуро.
Според Информер, Северна Македонија се приклучила на, како што го нарекуваат, кругот на „мали балкански држави“ кои безрезервно ги поддржуваат потезите на САД, дури и кога, како што тврди порталот, тие отвораат сериозни прашања за кршење на меѓународното право и државниот суверенитет.
Порталот потсетува дека Муцунски на социјалната мрежа Икс јавно го поздравил апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и ја поддржал одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп тој да биде изведен пред американското правосудство. Во истата објава, македонскиот министер упатил пофалби и до државниот секретар на САД, Марко Рубио, за, како што навел, борбата против „нарко-криминалните мрежи на режимот во Каракас“.
Информер оценува дека во оваа реакција нема ниту збор за можните последици од ваквиот чин врз суверенитетот на Венецуела, ниту пак за преседанот една светска сила да приведе претседател на друга држава надвор од својата територија. Токму на овие принципи, според порталот, балканските и европските држави често се повикуваат кога тоа им одговара политички.
Во заклучокот, Информер наведува дека за Скопје, кое според нив „беспоговорно ги следи барањата на Вашингтон и Брисел“, не постои вистинска дилема: американската сила се претставува како правда по дефиниција, дури и кога таа, како што тврдат, се спроведува со сила и надвор од рамките на меѓународното право.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

