македонија19 јануари 2025 Срам за С.Македонија: Кражба во Скопје: Од автомобил со бугарски таблички украдени лаптоп и 12 илјади евра
На 10 јануари 2025 година, на паркинг на булеварот „Илинденска“ во Скопје, беше извршена тешка кражба од автомобил со бугарски регистарски ознаки. Двајца осомничени, на возраст од 22 и 30 години, со тврд предмет го скршиле задното стакло на паркираното возило марка БМВ, сопственост на бугарска фирма и управувано од бугарски државјанин. Едниот од осомничените влегол во возилото и одзел ташна со лаптоп, 12.000 евра и други предмети, додека другиот внимавал да не наиде некој. Потоа, двајцата избегале со сопствено возило.
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осомничените за кривично дело „Тешка кражба“ според член 236 став 1 точка 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Надлежниот јавен обвинител предложи до Основниот кривичен суд Скопје да им бидат изречени мерки на претпазливост, вклучувајќи забрана за напуштање на живеалиштето или престојувалиштето, привремено одземање на патната исправа и обврска за редовно јавување на определено службено лице во Судот.