23 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
На денешната седница на собраниската Комисија за политика, демографија и млади, се случија сериозни опструкции од страна на ВМРО-ДПМНЕ, обвини пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски. Тој посочи дека токму оваа партија го блокирала предлог-законот за поддршка на настраданите во трагичниот пожар во дискотеката во Кочани.
Седницата, свикана од претседателот на Собранието Африм Гаши согласно член 126, ја водеше пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска. Спасовски истакна дека на дневен ред, под реден број 12, бил ставен и законот за финансиска помош за настраданите и нивните семејства. Сепак, според него, Ласовска првично одбила промена на дневниот ред, а и подоцна, иако дозволила предлог за промена, мнозинството од ВМРО-ДПМНЕ не дало поддршка точката да се разгледува прва.
„Очекувавме поддршка за оваа точка како гест на солидарност, за да испратиме порака на единство до семејствата на загинатите и повредените. Наместо тоа, ВМРО-ДПМНЕ го блокираше процесот со деловнички акробации и спречи расправата да продолжи“, рече Спасовски.
Според него, токму несогласувањата и манипулациите довеле до прекин на седницата во моментот кога требало да се разгледува и предлог-законот за заштита на децата — уште една важна точка што, како што нагласи, со месеци се бара да се усвои.
„ВМРО-ДПМНЕ свесно ја отежнува ситуацијата и го става на втор план страдањето на над 25 повредени и семејствата на загинатите во Кочани. Наместо грижа за граѓаните, приоритет им се директорски позиции, набавки за папаја и манго за владините службеници“, остро критикуваше Спасовски.
Тој апелираше дека оваа законска иницијатива мора итно да се усвои, бидејќи токму Кочани и граѓаните погодени од трагедијата мора да добијат институционална поддршка. „Нема поважна тема во државата во моментов“, порача тој.