12 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Сообраќајот на државните патишта денес се одвива непречено на суви коловози. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен, но на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања.
Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) апелира на внимателност, препорачувајќи прилагодена брзина, почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно возење, особено низ клисури и речни долини каде постои ризик од одрони. Особено внимание треба да се обрне на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од 17 април, сезонски е пуштен за сообраќај патот Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица, за возила до 3,5 тони.
На регионалниот пат Р1312 кај Башино село, сообраќајот на мостот на река Вардар се одвива под времен режим регулиран со семафор.
Во Битола, улицата „Довеџик“ кај мостот на река Драгор е затворена поради санација, а сообраќајот е пренасочен преку девијација.
Дел од патниот правец Кичево – Цер е целосно затворен од 10:00 до 16:00 часот заради асфалтирање. Времен режим е во сила и на автопатот А2 кај делницата Гостивар – Стража, како и на А2 помеѓу Желино и северниот влез на Тетово поради геодетски работи.
На автопатот Неготино – Велес се врши реконструкција на дилатациони спојки, а сообраќајот е ограничен во една лента. Времена измена на сообраќајот поради градежни активности има и на Коридорот 10Д кај делницата Прилеп – Битола.
Зголемена претпазливост се препорачува на експресниот пат А1 Градско – Дреново, каде има монтажни активности, како и на магистралата А1 Фариш – Прилеп поради санација на дупки.
Регионалниот пат Прилеп – Крушево е под целосно затворање кај Мало Коњари до Кривогаштани заради санација на патот, а изменет режим е во сила на патните правци Понов Мост – Богданци и Кичево – Охрид поради градежни активности.
АМСМ ги повикува возачите да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и временските режими заради безбедно патување.