МАКЕДОНИЈА

Сообраќајна незгода меѓу автомобил и службено возило на МВР – повредени полицајци

19 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

На 18 јуни околу 18:20 часот на крстосницата меѓу булевар „Србија“, улица „3 Македонска Бригада“ и улица „12 Македонска Бригада“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило и службено возило на Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од СВР Скопје, во несреќата учествувале патничко возило марка „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 54-годишниот М.Ј. од село Марино, и службено возило „Рекстон“, сопственост на МВР.

Во сударот се здобиле со телесни повреди четири лица: возачот на „Ауди“-то, неговиот 73-годишен сопатник Б.Ј., како и возачот и двајца полициски службеници кои биле сопатници во службеното возило. Повредените биле прегледани и им била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје, која работи на утврдување на причините за сообраќајката.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени